На Генчовска главата и е толку празна (без извинување) што веќе откако колата и онака се превртела, наместо да каже еднаш „Бугарија ќе направи еднострана изјава за јазикот“, таа постојано повторува „Не признаваме македонскиот јазик“, „Не сме признале македонски јазик“ итн. Воопшто не си дава сметка колку е арогантно и навредливо за носителите на тој јазик, кои го нарекуваат „македонски“, затоа што како поинаку да го нарекуваат. А и остава исклучително лош впечаток во странство и создава погрешна претстава дека Бугарија и за историските прашања нема никакво право. Не може заради решението на една секција во БАН или на едно семејство лингвисти цела Бугарија да собира срам. Во Брисел, во Париз, во Берлин, во Амстердам, во Копенхаген, во Токио, во Вашингтон, во Москва, во Киев, во министерства за надворешни работи, на универзитети, катедри, департаменти јазикот е „македонски“, но Генчовска ќе направила изјава. И тука немаат никакво значење , падежи, инфинитиви, членувања, акценти итн. Секое дете израснато во добро семејство знае дека треба да каже „Добар ден!“ и Благодарам!“ (Во Бугарија за разлика од Македонија е и „Мерси!“ затоа што дошло дури по Првата светска војна). Ако твојот сосед го нарекува јазикот „македонски“, тогаш само од добро воспитание, не од филолошки знаења, треба да го нарекуваш „македонски“.
ФБ статус на Стефан Дечев
–––––––––––
Стефан Дечев завршува историја на Софискиот универзитет ʺСв. Климент Охридски “. Специјализира на Универзитетот во Амстердам и Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Автор е на бројни студии од областа на современата бугарска историја и историографија. Предава на Југозападниот универзитет во Благоевград и на Универзитетот во Софија.