Ако погледнеме во поголем маштаб, воопшто не требаше да се стига до тука, јас сум приврзаник на тоа, дека воопшто не требаше да има вето. Тоа создаде исклучително лоша општествена средина во двете земји.
Ова го коментираше во студиото на Euronews Bulgaria доц. Михаил Иванов, етнички советник за етнички прашања на претседателот Жељу Желев и член на Клубот за бугарско-македонско пријателство.
Според него, во услови на силен антимакедонизам во Бугарија и антибугаризам во Македонија, беше многу тешко да се води конструктивна политика. Цела Европа ни се чудеше и конечно Франција најде волја да се вмеша решително. Францускиот предлог е компромис бидејќи се обидува да ги земе предвид двете гледишта. За бугарското барање за јазикот – се користи терминот македонски јазик во сите документи на Европската унија, но на првата меѓувладина конференција, со која ќе започнат пристапните преговори со Македонија, Бугарија ќе направи декларација во која ќе го изјави својот однос кон македонскиот јазик. Албанија ќе ја направи истата декларација. Тоа е едно решение со кое нашето барање да не се поставува под сомннеж дека Бугарија не го признава постоењето на македонскиот јазик, е задоволено, кажа доц. Иванов.
За проблемите со историјата тој истакна дека повторно имаме деформација. Толкувањето на историјата на двете држави радикално се разликува и бара многу трпелива работа за да се доближат. Многу е важно во пакетот документи од францускиот предлог се содржи протокол кој треба да биде потпишан меѓу двете држави.
ЌЌе биде голема грешка, ако сметаме дека Македонија е нешто хомогено. Не можеме да кажеме дека Македонија не го прифаќа францускиот предлог“, кажа доц.Михаил Иванов.
Има луѓе, ситиурани колу опозицијата ВМРО-ДПМНЕ кои ја користат оваа ситуација за да дојдат на власт и се со антибугарски ставови. Истовремено, Владата прави големи напори да го надмине овој притисок и да бара конструктивни решенија. Во македонското општество и интелигенција има една голема група на луѓе кои продолжуваат да бидат пријатели на Бугарија.