Во врска со засилувачките обиди да бидат минирани односите меѓу двете земји и претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ние од Клубот за бугарско-македонско пријателство повикуваме на мирно одбележување на оваа годишнина!
Настојуваме владите на двете земји неодложно да го спроведат механизмот за намалување на тензиите и идентификување на пројавите на омраза, потпишан минатата година меѓу двете министерства за надворешни работи. Да не дозволуваат инциденти и провокации да ги оддалечуваат нашите односи од нивната политичка рамка – „Договорот за добрососедство“ и „францускиот предлог“-со кое да не отклонат од нашите заеднички цели – постигнување целосно разбирање и европско членство на Македонија. Овие цели може да бидат постигнати само ако средините кои сеат омраза, бидат маргинализирани преку сеопфатни процеси на зближување – културно, општествено, инфраструктурно, медиумско и економско поврзување. Тогаш ќе биде невозможно демонизирањето или насадувањето на лажни претстави. Недостигот на волја и успех во овие потфати е причината за сегашниот ќорсокак во нашите односи. Крајно време е за решителни дејства и изолирање од процесите на луѓе и организации кои се против зближувањето на нашите земји.
Убедени сме дека огромното мнозинство од општествата на двете земји се луѓе со европски вредности кои взаемно се почитуваат и разбираат. Тие треба да се поставени во основата на нашите односи и мерилото за нив, а не поединечни радикализирани елементи и политичари кои бараат тема за сопствен политички опстанок.
Единствениот начин да го посведочиме нашето уважување кон делото на личностите, кои не поврзуваат е како нивни наследници, да ја покажеме пред нив нашата братска љубов и поддршка.
Го поздравуваме апелот на претседателот Петар Стојанов и на потомците на родовите од Македонија.
Да живеат Бугарија и Македонија
Победа за Украина!
Да живее Европа!